strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Струмички Комуналец доби негативно мислење од државната ревизија – Општина Струмица под водство на Костадинов е во катострофална состојба!

Автор:

Датум:

февруари 21, 2024

Автор:

Датум:

февруари 21, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ:

Струмички Комуналец доби негативно мислење од државната ревизија

По Општина Струмица, денес и комуналното претпријатие ,,Комуналец” доби неповолно мислење од државниот завод за ревизија. Хаосот во Општина Струмица и општински претпријатија под власт на градоначалникот Костадинов продолжува, а граѓаните ги трпат штетните последици од многугодинишно владеење на СДСМ со Струмица.

Државниот завод за ревизија, покрај неповолното мислење, изразува и мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи во ЈКПД ,,Комуналец” – Струмица.

Основна главнина која не е запишана како освен влог, за инфраструктурните и градежните објекти не е регулирано правото на сопственост, пописот на средствата и обврските не е целосно и правилно извршен, ненавремено и селективно се преземаат мерки за наплата на побарувањата, неправилности во утврдувањето на приходите по основ на изнајмување на простор, неправилности во начинот на пресметка и исплата на платите и надоместоците за работната успешност, доделени средства за донации и спонзорства без утврдени критериуми и склучени договори со корисниците, реализација на рамковните спогодби без потпишување на поединечни договори и не спроведени постапки за јавни набавки, се само дел од забелешките на Државниот завод за ревизија.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на овие две години секогаш укажуваше на неправилностите на работењето во ЈПКД ,,Комуналец” и гласаше против нивните финансиска извештаи.

Па така покрај за лошите финасиски извештаи реагиравме за фиктивното книжење на добивката, но и лошиот квалитет на услуги, ценовник во кој цената за едно дрво достигнува и до 300 евра, плаќањето на вода за јавните чешми во програмата Ј1 за 40 милиони денари годишно, кредитите за фотоволтаици, договорите за јавни набавки итн.

Денес, државниот завод за ревизија изразува неповолно мислење за работењето на ЈКПД Комуналец, со што се потврдуваат забелешките на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за лошата состојба во претпријатитето.

Општина Струмица под водство на Костадинов е во катострофална состојба, а за хаос кој го створија во Струмица мора да има одговорност.