Во времето на египетскиот цар Птоломеј Филаделф, овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки. Но, во тој миг му се јави Ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно. А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во јерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, којшто беше престарен и бел како лебед. Симеон брзо отиде во храмот и таму ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се претстави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.
Денес се празнува Свети Симеон Богопримец
ВМРО-ДПМНЕ ОЧЕКУВА ПЛУС ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ПРЕГЛАСУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски денеска информира дека како партија очекуваат зголемување на…
Македонија го одбележува Денот на македонското знаме
Државните знамиња се огледало на идентитетот на една нација. Кај секој човек државното знаме создава чувство на припадност на колективитетот,…
Пет археолошки докази кои сугерираат дека библиските приказни се вистинити
Затемнување на Сонцето кое се појави на небото во 1207 п.н.е. Земјотрес што го потресе Ерусалим пред 28.000 години. И…
ЦЕЛА ГОДИНА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ: Следува уште еден во мај и неколку во јуни
Следниот неработен ден 24 мај (петок) Денот на Свети Кирил и Методиј. Потоа како неработен ден е празникот Св. Илинден…
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИРИ: ДЕНЕС ДА ИМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ 68% ОД МАКЕДОНЦИТЕ БИ ГЛАСАЛЕ „ЗА“!
Доколку денеска се одржи референдум за членство во Европската Унија, 68 отсто од граѓаните би гласале „За“, додека 13 отсто…
Некои од Македонците кои заминале во странство се соочуваат со носталгија. Иако животот го продолжуваат во развиени општества каде системот…