strumica denes logo

Се размислува да се вратат пари на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи!

Автор:

Датум:

февруари 7, 2024

Автор:

Датум:

февруари 7, 2024

12-ти февруари е рокот кога престануваат да важат патните исправи со старото име на државата „Република Македонија“. Личните документи пак продолжуваат да важат, но само за внатрешна употреба.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По оваа информација, граѓаните беа револтирани затоа што иако имаат важечки документи, сепак мора повторно да извадат и за тоа самите да платат. Сликата пред пунктовите за вадење лични документи е долги редици и нервозни граѓани кои чекаат со часови за да поднесат или да земат документи.

Но, се чини дека власта размислува да ги врати парите на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи.

Ова ексклузивно во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.