strumica denes logo

ФЕЈСБУК СТАТУС НА СТРУМИЧАНКАТА ИВАНА СТОЈАНОВА: Не избркавте младите од дома со вашите планови – Не го нахранивте патриотизмот, не не’ учевте како да ја браниме нашата земја туку не делевте на „нивните“ и „вашите“ деца!

Автор:

Датум:

февруари 7, 2024

Автор:

Датум:

февруари 7, 2024

Фејсбук статус на струмичанката Ивана Стојанова:

Не избркавте со вашите планови и сè уште не бркате од сопствената држава. Не го нахранивте патриотизмот во младите, не нè учевте како да ја браниме нашата земја туку не делевте на „нивните“ и „вашите“ деца, ни правевте револт еден меѓу друг, не нè сплотивте … Не се ни потрудивте да не сплотите, да бидеме горди кога ќе се спомне името Македонија, да бидеме горди Македонци!

За жал не направивте избеглици, странци …

Колку и километри да сме далеку засекогаш ќе нè боли срцето за домот, за татковината. Колку и да сме успешни секогаш ќе нè прогонува прашањето – „А зошто не успеав дома?“

После секој мој постигнат успех ми одѕвонуваат стиховите – „така е пишано ништо да не бидеме, ти без мене, јас без тебе“ – а потоа ми паѓа една тешка, тајна солза додека во заднина го слушам странецот кој ми вели „Браво, за вакви мотивирани млади се бориме ние“ …

Ја избркавте иднината на Македонија …

Сега е веќе доцна, за жал драги наши родители, роднини, познаници, повозрасни, вие не избркавте од дома, поради вашата слепост и неукост. Кога требаше да сте гласни да се борите за вашата земја, за вашите деца и да кажете СТОП вие бевте тивки и правевте како ќе ви кажат. За жал вие ја предадовте Македонија и вие не избркавте од дома. Ни создадовте рана која ќе ја носиме до крајот на животот, ние младите …

И не ја префрлувајте кривицата на никој, вие сте кукавици и вие го продадовте вашиот дом и вашите деца.

Жално моја Македонијо 💔
“Векови пеколни заедно ќе минеме,
древна земјо македонска,
така е пишано ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе.”