Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Едвај недолго пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како светиот Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
Денес се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски
Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица
Неексплодирана граната за која се претпоставува дека е уште од Првата Светска војна вчера напладне била пронајдена и однесена во…
ТОШКОВСКИ: ВИСОКОРАКОВОДНИ СТРУКТУРИ ВО ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ ВО СПРЕГА СО МАФИЈАТА
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ21 вели „спрегата помеѓу мафијата и државата во изминатиов период била…
СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот
Многумина реагираат на цените на такси услугите во Скопје. Меѓутоа се чини дека сепак меѓу поевтините цени за такси услуги…
Илон Маск: „Луѓето ќе живеат во град на Марс во следните 30 години“
Технолошкиот тајкун Илон Маск изнесе храбро тврдење дека луѓето би можеле да живеат во град на Марс во следните 30…
Речиси да нема место во Македонија, кое нема назив поврзан со епскиот јунак Крале или Крали Марко, кој е најопеан…
Брза пошта „ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС“ има потреба од КУРИР за достава на пратки во реонот на Струмица. Предност имаат куририте…