Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но, Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот на никомидиски епарх. Тогаш Јулијана му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаростен, татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но, Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не се допре до неа. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини машки и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на смрт со меч и света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство, душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но, не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.
Денес се празнува Светата маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа
Денес се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска
Родена е во градот Тарс, од родители незнабошци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се…
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава…
ПЛАТА 30.000 ДЕНАРИ: ПРИЈАТЕЛИ – ПЕТ ШОП ВРАБОТУВА ПРОДАВАЧКА ВО СТРУМИЦА!
Пријатели - пет шоп во Струмица (кај болницата) има потреба од продавачка. Плата 30.000денари (после завршената обука). Сите заинтересирани да…
Македонците внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното
Во Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе…
Очекувања од идната влада: Намалување на партизацијата, корупцијата и повисоки плати
Идниот парламентарен состав треба да вложи повеќе во младите бидејќи тие не се чустувуваат сигурно во државата. Телевизија 24 направи…
Се печатат учебниците за следната учебна година
Министерството за образование на Фејсбук соопшти дека започна печатењето на сите учебниици од прво до седмо одделение, кои досега се…