Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон. На 04.12.2023, В.Т. – заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.
ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ОД СТРУМИЦА МУ ОВОЗМОЖИЛЕ НА ЗАТВОРЕНИК ДА ПОБЕГНЕ ОД ЗАТВОР!
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…
Ресторанот „Стара Куќа“ кој се наоѓа во Зона Север во Струмица вработува на следниве работни позиции: 1. РАБОТНИЦИ ЗА ВО…
Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62)…
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. – Се…
На патниот правец А4 Радовиш – Струмица, на делницата кај село Василево, сообраќајот е целосно затворен поради сообраќајна незгода. За…
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против 8 лица…