Сè уште се договараат деталите за начинот, критериумите, условите и роковите со кои учениците и студентите ќе може да аплицираат за деветтиот антикризен пакет.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска рече дека исплатата ќе почне откако законот за финансиска поддршка ќе помине на седница на Влада и во Собранието.
Според Тренчевска, на утрешната владина седница законот ќе се најде на владина седница по што следната недела се очекува да помине во Собрание.
„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече Тренчевска.