Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида, сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабошците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги биеја, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Така ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадија од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодоа со ножеви. На тој начин овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот, и се престави кај Господа.
Денес се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија
СЕ ВРАБОТУВА АГРОНОМ И ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ТЕХНИЧКИ ОПЕРАЦИИ ВО ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА!
СИНЦЕРИТАС АД е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на хербални медицински производи. СИНЦЕРИТАС АД има…
ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ВРАБОТУВА ВРАБОТУВА ЛУЃЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ!
СИНЦЕРИТАС АД е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на хербални медицински производи. Работните практики и…
Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА НАРОДОТ А НЕ ЗА ЛИЧЕН…
Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на…
Судскиот совет на седницата по полноќ му го одзеде судискиот имунитет на уапсениот врховен судија Наќе Георгиев од Струмица, за…
Денес се празнува Чудото на светиот апoстол и евангелист Јован
Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено…