Најбрзата интернет-конекција во светот пуштена е во употреба во Кина.
Според „Глобал тајмс“ има пропустен опсег од 1,2 терабајт во секунда и ги поврзува градовите Пекинг, Вухан и Гуангжу.
Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет-инфраструктура на Кина.
Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.
Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5Г со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.