strumica denes logo

Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ: На „Младинска“ е потребна нова инфрастурктура

Автор:

Датум:

ноември 3, 2023

Автор:

Датум:

ноември 3, 2023

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмицa:

Не знам дали во рамките на таканаречената,,градежна офанзива” или пак како дел од ,,новата визија за наша Струмица” на Костадин Костадинов ама, овие денови асфалтот на улица Mладинска повторно се раскопува. Во поголем дел од трасата се гребе горниот дел од здрав асфалт.

Младинска која редовно се поплавува при секој дожд. Каде што шахтите се над асфалтот, додека дупките на коловозот се како да поминала ,,партизанска офанзива”.

Кога веќе се раскопува улицата Младинска предлагаме: да се постават нови цевки за атмосферските води, тие да се одделат од канализацијата. Понатаму, да се сменат азбестните цевки за да носат здрава вода за пиење на граѓаните.

Патем, очигледно најголема жртва на сите потфати на овие ,,офанзиви и визии” испаднаа уличните дрва и градското зеленило.

Во услови кога според загаденоста на воздухот ,,европска Струмица” е прва на светските листи потребно ни е садење на нови зелени површини. Уништувањето на зеленилото со ваква загаденост го гледаме како чин против здравјето и животот на граѓаните.