Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Транспарентна, партиципативна и одговорна, Општина по мерка на граѓаните.
Е и ќе остане таква Струмица.
Од утре 03.11.2023 година започнуваме со креирање на програмите за реализација од буџетот на општина Струмица за 2024 година.
Со почеток во 18 часот во новоотворениот Младински центар во општинската зграда ќе се одржи Првата форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2023/2024 година.
Почитувани сограѓани,
Ве поканувам на активно учество во изборот на приоритетните проекти во новата буџетска година.
Ајде заедно да си ја направиме Струмица по наша мерка, да си ја направиме заеднички дом во кој ќе си имаме прогресивен развој и квалитетен живот.