Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и на свети Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Египет и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот подложи на маки двајца христијански свештеници, Евгениј и Макариј. Кога го виде тоа Артемиј се возмути со сето срце и излезе пред царот и му рече: „Зошто цару толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени мажи и зошто ги присилуваш да се откажат од верата православна?“ И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Разјарен царот ги испрати оние двајца чесни свештеници на прогонство во Арабија, каде што набрзо се упокоија, а војводата Артемиј го расчини и нареди да го растргнуваат и бијат. Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија и го сплескаа како штица. Најпосле му ја отсекоа главата. Ова се случи во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијците и срамно загина, како што му прорече свети Артемиј.
Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј
The First Coffee & Pool Bar вработува во Струмица СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО. Се бара: – ЖЕНА ЗА ВО…
СТРУМИЧКИ ВРХОВЕН СУДИЈА УAПСЕН ПОРАДИ ПОТКУП ОД 10.000 ЕВРА!
Полициски извори за Струмица Денес потврдија дека врховниот судија со иницијали Н.Г, денеска со истрага бил опфатен поради сомнеж за…
ЕДНОДНЕВЕН ЗАБАВЕН И ЕДУКАТИВЕН КАМП ЗА ДЕЦА ВО СТРУМИЦА НА 25 МАЈ!
Во Струмица на 25 мај ќе се одржи еднодневен забавен и едукативен камп за деца од 7-11 години. Kампот е…
Поради зголемен обем на работа фирмата Агромаркет Игор с.Владевци, Струмица има потреба од работници за следниве работни позици: - Помошник…
Денес е Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим
Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота…
ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВИНАРСКА ВИЗБА „ДАЛВИНА“ ВО ХАМЗАЛИ, СТРУМИЦА: СЕ БАРААТ ОПШТИ РАБОТНИЦИ!
Винарската визба „Далвина" од Струмица (село Хамзали) има потреба од: ОПШТИ (неквалификувани) РАБОТНИЦИ ОПИС НА РАБОТНО МЕСО: - за работен…