strumica denes logo

Наскоро нов повик за универзален снабдувач со струја!

Автор:

Датум:

октомври 7, 2023

Автор:

Датум:

октомври 7, 2023

Во 2024 година истекува договорот на ЕВН со Владата за универзален снабдувач со струја па така властите подготвуваат нов повик за избор.

На 1 јули 2019 ЕВН, како победник во наддавањето со понуда на најниска маржа, за прв пат започна да работи како универзален снабдувач со струја за сите потрошувачи кои не излегуваат на слободниот пазар, односно остануваат на регулираниот.

Од Владата велат дека Регулаторна комисија за енергетика и Министерството за економија во моментов изготвуваат критериуми за избор на универзален снабдувач пред да започне постапката за избор на универзален снабдувач, но со оглед на тоа што и натаму трае енергетска нестабилност и неизвесност, не е познато колкаво ќе биде домашното производство на струја што ќе треба да биде предадено на годишно ниво.

– Ви посочуваме дека согласно Законот за енергетика, АД ЕСМ има обврска секоја година да го намалува процентот на електрична енергија која ќе ја понуди на универзалниот снабдувач, колку за потсетување и во минатата година АД ЕСМ требаше да обезбеди само 60 отсто, меѓутоа поради зачувување на стандардот на граѓаните, и прогласената електроенергетска кризна состојба во државата, АД ЕСМ доби задолжение да ги обезбеди сите потреби на граѓаните, малите потрошувачи а и за дејностите од јавен интерес и таргетираните дејности. Треба да се има во предвид дека интересот на граѓаните секогаш ќе биде на прво место и соодветно ќе бидат и креирани мерките за граѓаните во однос на обезбедувањето на електричната енергија, гласи одговорот кој го добивме од Владата.