Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабошците и тие еден ден јурнаа во црквата на светиот Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го убија Автоном во олтарот, а убија и многумина други христијани во храмот. Во времето на царот Константин, на гробот на свети Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после својата смрт, свети Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени. И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така, Бог го прослави оној кој Него Го прославуваше за време на животот на земјата.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Автоном
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…