На прекрасен начин најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација го отвори Европското првенство во групата „Ц“ со победа од 3:1 во сетови против Данска.
Многу важен триумф на избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на патот кон обезбедување осминафинале, а тоа ќе биде уште поблиску доколку на 2 септември од 20.00 часот ја совладаат и Црна Гора, која е исто така по квалитет сличен на нашиот.
Не беа до крај исполнети местата во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, но присутна беше големата поддршка од трибините за нашите најдобри одбојкари.
Потсетување дека дневните карти за Европското првенство во одбојка мажи се по цена од 500 и 750 денари.