Потребни состојки:
– свински бут 🥩
– шампињони 🍄
– кромид 🧅
– путер 🧈
– павлака за готвење
– сенф
– бело вино 🥂
– брашно 🍚
– презла
– јајце 🥚
– говедски бујон
– зачини: сол, црн пипер, вегета 🧂
Начин на подготовка:
🔪 Свинскиот бут исечете го на потенки парчиња и убаво исчукајте го, а потоа секоја шницла зачинете ја со сол, вегета и црн пипер.
🥚 За поховање шницлите се валкаат во брашно, јајце и презла.
🥘 Пржете ги во врел зејтин од двете страни, и потоа ставете ги на кујнска хартија да се впие мрснотијата.
🍄 Во тава, пропржете ги насечените шампињони, а потоа додадете путер и сецкан кромид.
🧂 Зачинете ги со сол и црн пипер и додадетр малку бело вино и говедски бујон и оставете да се крчка додека испари течноста.
🍽 На крај додадете лажичка сенф и павлака за готвење, оставете уште некоја минутка да се згусне и сервирајте врз похованите шницли со гарнир по желба.
Видео:
View this post on Instagram