strumica denes logo

ДЕНЕСКА ВЛЕЗЕ ВО ПРОЦЕДУРА ЗАКОНОТ: Од „фиока“ до собраниска процедура и менување пол со нотарска изјава!

Автор:

Датум:

јуни 21, 2023

Автор:

Датум:

јуни 21, 2023

ТИВЕРИОПОЛ.МК:

Од „фиока“ до собраниска процедура и менување пол со нотарска изјава!

Предлог законот за дополнување на Законот за матична евиденција влезе во Собраниска процедура и се најде пред пратениците, и покрај убедувањата на министеркта за труд и социјална политика Јована Тренчевска дека ќе остане заклучен во „фиока“, по многубројните реакции на јавноста дека законот нуди голем простор за манипулации и злоупотреби.

Според предлогот, лицата може да ја менуваат ознаката за пол во личните документи само со нотарска изјава дека полот не им во согласност со нивното чувство и барање до институциите. Нема одговор, до колку пати може да се менуваат документите доколку се менува чувството за „родова припадност“ од период во период како што се залагаат поборниците за т.н „родова еднаквост“.

Овластен предлагач на предлог законот е Маја Морачанин, а предлагачи се и Даниела Николоа, Љатифе Шиковска, Маја Морачанин, Марија Костадинова, Моника Зајкова, Санела Шкриељ и Снежана Калеска Ванчева.На официјалниот собраниски сајт стои дека законот е доставен до пратениците, а по него треба да се расправа по редовна постапка.

Министерката Тренчевска, во неколку наврати и медиумски настапи, бранејќи го предлог законот за родова еднаквост, посочи дека немаат намера да го враќаат во постапка предлог законот за матична евиденција со кој треба правно да се признае родот.

Денес е очигледно, дека или „фиоката“ не била добро заклучена, или пак „клучарот“ имал други намери. Како и да е, политичките интриги по овие предлог закони кои се зачинети по вкусот на некои „центри на моќ“ стануваат иритантни особено кога се изневеруваат граѓаните, а уште повеќе кога се губи значењето на дадениот збор.

Несериозното сфаќање на пораките на загриженост кои изминативе месеци ги упатуваат граѓаните, граѓанските организации, поединци, како и верските заедници од Македонија од опасноста која ќе предизвика општествен хаос доколку се усвојат овие спорни текстови веќе се манифестира и канализира.

Веќе следниот четврток, 29.06.2023г кога ќе се одржи мирен протест пред Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје на кој граѓаните ќе го изразат својот револт и незадоволство од предложените законски решенија во предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција.