Струмичанецот Павле Витанов успеа да обезбеди влез во финалето на музичкото балканско ТВ шоу „Никогаш не е доцна“ откако народот гласаше онлајн на фејсбук.
Во првата полуфинална вечер, жирито одбра пет кандидати кои автоматски се пласираат во финалето, додека шестиот учесник е избран од страна на публиката. Според резултатите од гласањето на Фејсбук, Павле Витанов успеа да собере најголем број гласови, со 36.6% од вкупниот број гласови.
Среќно понатаму!