strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Советниците на СДСМ лицемерно ја симнаа точката од дневен ред за јасни дефиниции што е маж, што жена!

Автор:

Датум:

мај 30, 2023

Автор:

Датум:

мај 30, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани сограѓани

Владеачкото мнозинство на СДСМ во Општина Струмица, на денешната седница повторно го покажа своето лицемерно однесување и своеволие.

Имено, советниците на СДСМ едногласно изгласаа повлекување од дневен ред точка за Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за еднакви можности.

Седницата започна по 1 час одложување поради притисоци врз советниците.

Повлекување на точката од Дневен ред е за да се скрие немањето храброст за дискусија по Предлог Програмата за измена и дополнување на Програмата за еднакви можности и повлекувањето е скандалозно и наметнување своеволие од страна на Претседателот на Совет и од страна на мнозинството од СДСМ.

Оваа точка е веќе помината на Комисија на која сите советници од СДСМ гласаа едногласно.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, целосно ги подржува измените на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 г.

Измените опфаќаат точна дефиниција за тоа што се подразбира под МАЖ и ЖЕНА и терминот РОД се заменува со ПОЛ.

Измените произлегуваат од некоректниот и штетниот предлог Закон за родова еднаквост кој е потребно да се објасни пред граѓаните и да се укаже на штетите од неговото донесување:

– Предлог законот за родова еднаквост НЕ Е закон за рамноправност и еднакви можности помеѓу мажите и жените — односно доколу се прифати овој закон, маж кој ќе се изјасни како жена законски ќе се смета за жена

– Според овој предлог Закон, деца до 18 год возраст може да изберат сами дали сакаат да бидат машки или женски. Доколку во тоа не се согласни родителите и не им дозволат, тоа ќе се смета за семејно насилство и ќе се одземат правата на родителите и ќе се дадат тие деца да ги воспитува државата

– Се предвидуваат казни и кривични постапки доколку некој граѓанин не је прифаќа родовата идеологија и доколку има спротивен став

– Во овој предлог закон се вели дека треба да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост во сите сфери на јавниот и ПРИВАТНИОТ живот – Овој предлог Закон директно навлегува во приватниот живот на граѓаните

Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ силно застануваме во одбрана на фамилијарните вредности и опасностите по децата кои произлегуваат од овој предлог Закон.

Како советници и како поединци и како граѓани даваме целосна подршка на Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и на целата верска заедница во Р. Македонија во борбата за заштита на фамилијарните вредности, во промоција на еднаквите можности за мажите и жените и во заштита на децата.

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата