strumica denes logo

СЕ ВЛОШУВА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО: Шок бомби, солзавец и пукотници во Звечан, има голем број повредени!

Автор:

Датум:

мај 29, 2023

Автор:

Датум:

мај 29, 2023

Во Звечан и Лепосавиќ во северниот дел на Косово од утрово е забележливо зголемено присуството на силите на КФОР. Според N1, силите на Кфор се опремени да ги разбијат протестите. Во попладневните часови во Звечан дошло до судир меѓу силите на КФОР и насобраните граѓани, биле фрлени шок бомби и солзавец, а се гаѓало и со камења и шишиња. Како што пренесуваат медиумите, има повредени од двете страни.

Во петокот избија инциденти на северот на Косово, а шок бомби и солзавец се употребени во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Се започнало околу 11 часот, кога се огласиле сирените за тревога, а покрај зградите на локалните општини се појавиле граѓани. Полицијата интервенираше за да им дозволи на новоизбраните градоначалници да влезат во тие згради.

Косовски знамиња се закачени на зградите на општините Лепосавиќ и Зубин Поток. Во судирите во петокот беа повредени десет лица.

Повеќе од 53 лица се здобиле со различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари, тројца се задржани в болница, а едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица, пренесува N1.

Според N1, меѓу повредените е и еден од српските политичари.