strumica denes logo

Mercedes купувачите ќе плаќаат претплата за повеќе моќност на автомобилот

Автор:

Датум:

мај 13, 2023

Категории:

Свет

Автор:

Датум:

мај 13, 2023

Категории:

Свет

Производителите веќе воведуваат годишна претплата “Acceleration Increase”, за оние што сакаат екстра опрема во автомобилите, за повеќе моќност и опрема, на пример, грејачи на седишта, зголемена моќност на моторот и друго. Веќе имаме допис до BMW, кој прв ја воведе па ја укина претплатата на Apple Car Play за воведување на претплата за грејачи на седишта и воланот.

Слична опција најавија од Mercedes, а сега ги објавуваат и цените за сите дополнителни опции. Mercedes-Benz EQE350 и EQS450 ќе ги имаат новите опции, кои што преку софтверска надградба, преку нивниот сервис Connect, ќе може да отклучат дополнителна моќност на возилата и да овозможат уште подобро забрзување. Месечната претплата за тоа е 60 долари месечно или 600 долари годишно за моделот EQE350, или 900 годишно за моделот EQS450.