Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 април, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Вториот ден на велигден, понеделник 17 април е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.