Означен почетокот на проектот #КолешиноБезОтпад. Овој проект започнува по иницијатива на активистите од с.Колешино, со цел активистите од сите подбеласички населени места и пошироко да направат свое место #БезОтпад. Организатор на еколошката акција е „Ја штитам Беласица“ која постојано се бори и апелира за чиста и здрава животна средина.
Во акцијата беше исчистено целото село од отпадоци и беа искосени зелените површини кои имаа итна потреба од косење.
Акцијата е показател дека подбеласичките села имаат иднина, моторот на оваа акција беа младите основци. Исто така беше собран и исчистен отпадот и теренот на големото игралиште и наскоро ќе се врати во употреба.
#КолешиноБезОтпад ✅
#ЈаШтитамБеласица ✊