strumica denes logo

НАСА ЛАНСИРАШЕ ИНТЕРАКТИВНА МАПА КОЈА ВИ ОВОЗМОЖУВА ДА „ШЕТАТЕ“ ПО МАРС!

Автор:

Датум:

април 10, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Автор:

Датум:

април 10, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Марс е најблиската планета до Земјата, но ниту еден човек досега не го поминал патот од 56 милиони километри до оваа планета. Но, сега постои лесен начин да го „истражите“ Марс и тоа можете да го направите од удобноста на вашиот дом.

Илон Маск неодамна издаде прогноза во која се вели дека 2029 година ќе биде прв пат луѓето да стапнат на Црвената планета, додека НАСА е малку поконзервативна во поглед на временската проценка, предвидувајќи „спуштање“ кон крајот на 30-тите или почетокот на 40-тите години.

НАСА лансираше нова интерактивна мапа која ви овозможува да ги истражувате карпите и кратерите на Марс. Џеј Диксон, научникот кој ја предводеше мисијата за обработка на слики, истакнува дека сакал да направи нешто достапно за секого.

„Учениците можат да го користат ова. Дури и мајка ми која штотуку го прослави својот 78-ми роденден. Нашата цел е да ги отстраниме бариерите за луѓето што се заинтересирани да го истражуваат Марс“, додаде тој.

Интерактивна мапа на Црвената планета е создадена во Caltech користејќи 110.000 фотографии направени од сателитот на НАСА Mars Reconnaissance Orbiter.

Мапата покажува голем број зачудувачки геолошки карактеристики со неверојатни детали, вклучувајќи карпести формации, кратери и ветрови. Интерактивната мапа можете да ја погледнете тука.