strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Јавноста во Струмица се прашува што стана со справите од проектот Кока Кола активна зона“ ?

Автор:

Датум:

март 18, 2023

Автор:

Датум:

март 18, 2023

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Во обидот да се прикаже дека Владата нешто направи за Струмица денеска градоначалникот Костадин Костадинов промовира проект на Агенција за млади.

Во Струмица на локација во Градскиот парк е направена нова фитнес зона односно поставени се нови справи за вежбање.

Според информациите Фитнес зоната во Струмица ја направи фирма од Скопје и во пакет со фитнес зоната во Валандово чинат околу 6 милиони денари.

Меѓутоа јавноста во Струмица се прашува што стана со справите од проектот ,,Кока Кола активна зона” која порано беше промовирана од поранешниот премиер Зоран Заев.

Исто како што нема трага и од фамозниот Детски град.

Запоставеност, запуштеност и мрзливост на институциите насекаде додека загаденоста е на највисок степен.

Но, Градоначалнкот Костадин Костадинов уште порачува: Нека Ви е со среќа …во комбинација со чистиот воздух од градскиот парк одржувајте го здравјето…