До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Согласно анализите на Министерството за економија од информации на производителите, цената на малсото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во некнежното гостување на 24 Анализа на Телевизија 24.
„Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на Коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат ппвеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел“, кажа министерот Бектеши.
Министерот кажа дека одредени прехранбени компании веќе самостојно најавија намалување на цените на нивните производи и ги повика и другите компании да го следат примерот.
„Имавме денеска најави од страна на одредни производители на основни производи за намалиување на нивните цени и сакам да ги ограбрам другите производители сами да донесат одлука за налување на цените без одлука на Влада. Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за намалување тогаш ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално влегуваат млечни производи“, кажа Бектеши.
Во делот на маслото за јадење како што кажа министерот, во наредните 10 дена се очекува сите производители да имаат цена под 100 денари за литар.
„Ако правиме споредба пред да почне поддршката од владата, кога цената на маслото за јадење бењше 150-160 денари речеси 60-70% ќе има намалување и потоа ќе продолжиме и со другите производи“ кажа министерот.