Според присутните свештени лица, за првпат на литургија сослужуваше и наш македонски свештеник од Македонската православна црква ОА и за првпат верниците примија Света причест од македонски свештеник во Витлеем. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски. Македонските верници со восхит и благост во душата за весникот ВЕЧЕР раскажуваат за радоста да присуствуваат на ваква литургија на мајчин, македонски јазик, во светиот храм и да ги причести македонски свештеник во Витлеемската пештера.
Литургија на македонски јазик се служеше во најстарата црква на светот, Рождество на Исус Христос во Витлеем изминатиот викенд, спроти верскиот празник Прочка. Според присутните свештени лица, за првпат на литургија сослужуваше и наш македонски свештеник од Македонската православна црква ОА и за првпат верниците примија Света Причест од македонски свештеник во Витлеем. Литургијата беше отслужена на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски. На чинот присуствуваа верници од целиот свет, а беа кажани и молитви на македонски јазик, свештениците се помолија за својот народ на свој мајчин јазик. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски.
Целиот текст погледнете го овде на овој линк! (КЛИК)