Во сабота од 12:00 до 14:00 часот, учениците од трето четири одделение од ООУ „Никола Вапцаров“ и нивната наставничка Невенка Дончевска заедно со родителите, организираат хуманитарна акција за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија под мотото „III-4 ГО ОБЕДИНУВААТ ГРАДОТ“.
„Јас како наставничка и нивните родители сме премногу горди што дечињата покажаа голем интерес за хуманитарната акција во која имаме за цел да им помогнеме колку можеме на настраданите од земјотресот во Сирија и Турција. Ги покануваме сите оние кои сакаат да донираат тоа да го сторат во сабота на плоштадот во Струмица од 12:00 часот до 14:00 часот“, вели Дончевска за Струмица Денес.
Во продолжение потребни работи кои може да го донирате: