strumica denes logo

ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО РАСТАТ: БЛОКИРАН ГЛАВНИОТ ПАТ НИШ-ПРИШТИНА!

Автор:

Датум:

декември 27, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 27, 2022

Категории:

Струмица

Жителите на селото Мердаре околу 21 часот го блокираа главниот пат Ниш – Приштина недалеку од истоимениот административен премин меѓу Србија и Косово.

За половина час се формирала огромна колона од неколку километри бидејќи овој административен премин деновиве е многу фреквентен, пренесуваат српските медиуми.

Група од триесетина лица, меѓу кои и раселени од Косово и Метохија, вечерва го блокираа административниот премин, како што велат, поради поддршката за Србите од северот на Косово и Метохија.

Граѓаните поставиле камионска приколка и трактори на коловозот.

Сообраќајот во моментов не се движи од двете страни на административната линија, а колони возила се формирани и од правец на Косово.

На социјалните рмежи се појави и видео од барикадите каде еден од Србите се жали дека полицаец му ја скршил раката.