Христијан Велков, член на Извршен Комитет на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани пријатели, сопартијци и сограѓани со задоволство споделувам со Вас дека Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Сергеј Попов ме избра за член на Извршниот Комитет на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашата УМС важи за најголема и најдобро организирана младинска организација и секоја нова задача претставува чест и сериозна одговорност пред секој млад човек.
Нашата УМС е вредно искуство и можност да се почуствува енергијата и предизвикот на идните генерации и да се види светлината на новото време кое доаѓа.
Благодарност до членовите на УМС Струмица и регионот во кој сите заедно и напорно дејствуваме.
Му благодарам на Претседателот Сергеј Попов за укажаната доверба.
Почит и благодарност на нашиот Лидер Христијан Мицкоски за доброто, храбро и убедливо водење.
Ни претстои сложена заедничка задача за сите да ја препознаат вистинската младинска политика која непрестано сонува и креира подобра иднина за нашата Македонија.
Нема поголема сила од таа на младиот човек кој ја љуби својата татковина!
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!