Седуммина млади кои постигнале извонредни резултати во 2021 година вчера го добија признанието „Успешни млади” што го доделува Претседателот на Република Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.
Признанието им се доделува на млади до 35 години. Годинава аплицирале 45 кандидати во седум од осум категории.
Меѓу нив е и нашата сограѓанка Д-р Гордана Георгиева која го доби признанието најдобра млада научничка во медицински науки. Д-р Гордана Георгиева е специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и дефинитивно е кадар кој треба да се чува и вреднува.
Честитки и од тимот на Струмица Денес!