strumica denes logo

ИСТОРИЧАРОТ БРАНКО ЃОРГИЕВ ВО ПЕТОК СО ИЗЛОЖБА НА ОРУЖЈЕ И ВОЕНА ОПРЕМА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

октомври 19, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 19, 2022

Категории:

Струмица

На 21.10.2022 година со почеток во 19:00 часот во просториите на НУ Завод и музеј Струмица вишкустос-историчарот Бранко Ѓоргиев има своја изложба на оружје и воена опрема. Во оваа изложба ќе бидат изложени предмети од Збирката на оружје и воена опрема на Историското одделение при Националната установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј” – Струмица.

Првите предмети од оваа Збирка, започнале да се евидентираат во музејските книги уште со основањето на нашата институција (тогаш Музеј на град Струмица), во почетокот на педесеттите години од минатиот век. Според сите стручни и научни анализи и критериуми Збирката на оружје и воена опрема може да се оцени како значајно културно наследство. Во неа, може да се видат мeчеви, сабји, ножеви и копја, но и огнено оружје – кубури, револвери, пушки, автоматско оружје, најразлична воена опрема и сл.

Изложбата ќе биде дел од одбележувањето 70 години Музеј Струмица 1952 – 2022.