strumica denes logo

Илон Маск ги поместува границите: автомобилот„Tesla Cybertruck“ ќе биде водоотпорен и ќе може да служи како брод

Автор:

Датум:

октомври 3, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 3, 2022

Категории:

Струмица

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави дека новиот модел Cybertruck ќе биде „доволно водоотпорен за накратко да послужи како чамец што може да поминува низ реки, езера и мориња кои не се премногу разбранувани“. Во коментар под сопствената објава, Маск вели дека Cybertruck ќе може да плови околу десет километри.

Cybertruck беше претставен на крајот на 2019 година и беше подготвен за производство и испорака на крајот на 2020 година, но Tesla го одложуваше во неколку наврати поради недостаток на простор за производство. И покрај тоа што дизајнот е одамна финализиран, поради недостиг на делови и ограничувања во синџирот на снабдување, производството сè уште не е започнато.

Според последните информации, производството ќе започне на почетокот на следната година во Gigafactory во Тексас.

За потсетување, најмоќната верзија на Cybertruck има три електромотори, погон на сите тркала и забрзува до 100 km/h за три секунди. Досегот е над 800 km со максимална брзина од 209 km/h.