ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
За вчерашната седница на Совет на Општина Струмица ВМРО-ДПМНЕ поднесе 76 советнички прашања од граѓаните преку нашата Советничка група.
Прашањата се составени преку состаноци и активни средби со граѓаните, од разговори во месните заедници и населени места.
Градоначалникот и соодветните служби се должни да одговорат на прашања за редица натрупани проблеми, а особено во пресрет на најавената тешка и кризна зима.