strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ: Во струмичко се врши невиден „масакар“ на шумите!

Автор:

Датум:

септември 21, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

септември 21, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Очевидци и сведоци секојдневно пријавуваат бесправно сечење „крадење„ на дрвја во околината на струмичко.

Нашата редакција доби огромен број на поплаки и информации за неконтролирано сечење на дрва во струмичко а најзаперпастени информации добивме од граѓани кој имаат вили од н.м Раборци-Попчево-Рич-Белотино каде по цели денови без никаков проблем, најслободно си прават и по 10-тина тури со нивните возила за транспорт исклучиво за таа намена.

Бидејки се сечат шуми на кој каде ќе му текне ,апелираме до властите веднаш да стават ред во делот со сечењето на дрвјата ,бидејки ситуацијата е повеќе од очајна по тоа прашање , а господата кои се занимават со кражба на дрвја и овој бизнис не се за потценување доколку се знае продажната цена на м3 огревно дрво.

Од наша страна укажуваме како медиум до надлежните институции веднаш да преземат мерки и да дојдат на лице место посебно кај Раборци,Попчево, Рич, Белотино и да се уверат со свој очи, доколку не се увериле се’уште и да стават крај на ова крајно нехумана појава како кон луѓето кој живеат таму исто така и кон сите нас кој го дишеме овој воздух.

Истите тие луге кој ја пљачкосуват и уништуват шумата со невидени штети и размери ,по патот возаат со поголема брзина и истите се загрозувачи и на сообраќајот и можат да направат штети од несогледливи последици па и со загуба на човечки живот поради брзо возење и натоварени со огромна маса по неасфалтиран селски пат.

„Сликата која ја гледаме секојдневно таму е загрижувачка и ако така продолжи за многу кратко време ќе ги видиме и осетиме последиците за сите„ – ни изјави еден од сопствениците на вила над Раборци.