Кралицата Елизабета Втора (96) ќе биде погребана денеска во Лондон во присуство на членови на британското кралско семејство и повеќе од 500 функционери од целиот свет. „Погребот на векот“, како што го нарекуваат британските медиуми, преку директен пренос ќе го следат милиони луѓе ширум светот.
Погребот започнува напладне во Вестминстерската опатија. Ковчегот на кралицата со денови се наоѓа во Вестминстерската сала, каде илјадници луѓе чекаа со часови за да оддадат последна почит.