На 01.09.2022 во 19.50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица. При претрес во дом во Кичево, што привремено го користела А.Л., извршен со судска наредба и во присуство на адвокат, полициските службеници го затекнале Н.И. и кај него пронашле и одзеле кокаин. Од А.Л. била одземена една дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ФОТО: ИНТЕРНЕТ