strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: ДАЛИ ДЕЛ ОД „ГЛОБАЛ“ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ Е БЕЗ СТРУЈА БИДЕЈЌИ „КОМУНАЛЕЦ“ ИМА НЕПОДМИРЕНИ ДОЛГОВИ КОН ЕВН ИЛИ НАТРУПАНА КАМАТА?

Автор:

Датум:

август 19, 2022

Автор:

Датум:

август 19, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ЈП Комуналец и пазарот ,,Глобал” во делот со кој стопанисува ЈП Комуналец неколку денови се без електрична енергија.

Така се жалат директните корисници на услугите и барат помош.

Дали причината се неподмирени долгови кон ЕВН, евентуално натрупана камата и слично останува да утврдиме.

ЈП Комуналец во првиот квартал од годината покажа загуба од 25 милиони денари.

Претпријатието веќе неколку месеци го следат скандали по медиумите.

Ние како опозиција многупати реагираме во Советот на општина Струмица за непродуктивноте трошоци на Комуналец.

Градоначалникот Костадинов нема кадровски решенија за оваа претпријатие, очигледно нема ниту пак програма и идеја за неговата работа.