Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. На протестот присуствува и Ламбе Алабаковски.
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“, му порача денеска на властите пејачот кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.
Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.