Лидерот на бугарската политичка партија „Има Таков Народ“, Слави Трифунов кажа дека ги повлекува министрите од Владата.
-Ставам крај на оваа коалиција и агонија. Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, вели Трифунов.
Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.
– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.