strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Слава ти Гоце Делчев, се поклонуваме пред твоето дело за нашата Македонија!

Автор:

Датум:

мај 4, 2022

Автор:

Датум:

мај 4, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Денеска, 4 Мај во спомен на 119 годишнината од неговото загинување, делегација на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица заедно со униите и нашиот инстут, се поклони и положи свежо цвеќе пред споменикот на плоштадот кој го носи големото име на македонецот Гоце Делчев.

Да не дозволиме оние за кои идентитетот е еквивалент за размена, оние кои потпишуваа договори со поткусурување на македонците и оние кои спроведуваат политички прогони врз македонци во 21 век да шират дополнителна демагогија.

На денот кога се поклонуваме пред апостолот на македонското национално дело актуелни се и пророчки неговите мисли пред кои може да застане само искрен човек.

Делчев светот го виде единствено како поле за културен натпревар меѓу народите и остави силен завет со мисли и дело за идните поколенија.

,, За слобода на Македонија секој треба да ја засили својата енергија, да ги оптегне заспаните струи на робјето, да се раздвижат нивните чувства.
Револуција на умот, срцето и душата на еден ропски народ, е нашата најголема задача.

Ослободувањето на еден народ е негово сопствено дело, на неговите сопствени раце, кој мисли поинаку тој не добар македонец.

ЌЕ УДРИ УТРИНСКАТА ЗОРА И ЗА НАС!”

Слава ти Гоце Делчев, се поклонуваме пред твоето дело за нашата Македонија!