Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село синоќа во 23 часот затекнале тројца крадци како се обидуваат да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана во местото „Добрава” во близина на село Сушица, Струмичко.
Како што соопштија од МВР, од слобода се лишени Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие се задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознат Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство.
Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава.