Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство:
На денешната средба во Струмица со производителите на пролетна зелка разговараме за откупот и пласманот. Државниот земјоделски инспекторат е на терен, нема да дозволиме манипулации со откупот на зелка, никој нема да биде привилегиран.
Формиравме потесна група во која ќе бидат претставници од #МЗШВ, од Платежната агенција, Државниот инспекторат и производителите на зелка, која будно ќе ги следи состојбите. Наша обврска е да ги заштитиме интересите на земјоделците, и да носиме соодветни мерки и политики со цел да има непречен извоз на пролетната зелка.
Местото на земјоделците не е на улица туку во своите ниви, остварувајќи поголемо домашно производство, а ние како министерство работиме и остануваме посветени во креирањето на мерки и политики во нивна корист.