strumica denes logo

СИТЕЛ: Јованка Цонева од Василево обезбеди место во малиот дом за семејство од Украина!

Автор:

Датум:

април 12, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 12, 2022

Категории:

Струмица

Кога хуманоста ќе се стави на прво место, тогаш не постојат никакви пречки. Се наоѓа универзален јазик за комуникација, а малата куќа станува голема. Пример за тоа е Јованка Цонева од струмичко Василево која го отворила нејзиниот скромен дом и понудила загрижување на семејство од Украина. Ги споило случајното пријателство од Фејсбук, но тогаш никој не претпоставувал дека тоа ќе биде мост преку кој Татјана и нејзината ќерка Јулија ќе дојдат до сигурен дом додека трае конфликтот во нивната држава.

Семејството на Јованка брои пет члена, а куќата е мала, но ним тоа не им е проблем. Вели со добра организација има место за сите.

Јованка не знае украински, а гостинките македонски, но се разбираат.

Татјана и нејзината шеснаесетгодишна ќерка во Македонија се веќе три недели. Патувале четири дена низ шест држави. Кога дошле тука биле прифатени како дел од семејството.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ.

ИЗВОР: СИТЕЛ