Струмица останува неосвоива тврдина. Одбојкарите по осми пат ја освоија титулата во Купот на Македонија. Во натпреварот со Вардар нашите момци извојуваа победа со резултат 3:0 во сетови и уште еднаш докажаа зошто токму од нашиот град излегуваат најголемите одбојкарски имиња.
„Нашите момци забележаа победа и во финалето на купот на ОФМ. Лавовска борба за секој поен, покажаа зошто се со години без конкуренција во домашните натпреварувања.“ – објави ОК СТРУМИЦА на својот фејсбук профил.
Честитки екипо!