Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода А.Ф.(32) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, како што соопшти МВР, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.