Проект Еразмус +, на тема “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone”
04-09.04.2022 СОУ„Јане Сандански“- Струмица
Во склоп на проектот Еразмус +, на тема “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” во СОУ „Јане Сандански“ пристигнаа професори и ученици од пет држави и тоа: Романија, Германија, Италија, Турција и Естонија.
Пречекот беше традиционален- во народна носија учениците ги пречекаа гостите со чурек и локум. По воведниот говор на координаторот Софија Тошева, секоја група се претстави. Потоа учениците Дамјан Зимбаков и Александра Тошева ги прошетаа гостите низ училиштето, па започнаа со активности како квизови, видео презентации. По паузата за ручек, сите отидоа на прошетка за запознавање на градот (преку игра..) и посета на музејот во Струмица. После слободните попладневни часови, наставниците и учениците продолжија да се дружат меѓусебно.