strumica denes logo

ВИНЕРБЕРГЕР – НАЈДОБРОТО ЗА ВАШИОТ ДОМ: 5 работи што морате да ги знаете доколку градите нов покрив!

Автор:

Датум:

април 5, 2022

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

април 5, 2022

Категории:

Реклама, Струмица

Пролетта ја буди природата и тоа позитивно влијае врз сите. Луѓето се желни за нови почетоци и сакаат да прават работи кои ги одложувале во текот на зимата. Најчесто, тоа се активности поврзани со грижата за сопственото тело и здравје или активности околу домот.

Доколку периодов и вие сте загреани да почнете со реновирање или градење, тука сме да ви помогнеме. Со цел да ви ја олесниме работата, направивме список од пет работи што морате да ги знаете доколку градите нов покрив.

1.Изберете најсоодветни ќерамиди

Денес на пазарот има преголем избор на ќерамиди, меѓутоа никогаш нема да згрешите ако изберете природни ќерамиди. Бојата на ќерамидите треба природно да се вклопи во изгледот на куќата, но и да ја направи куќата впечатлива во околината. За македонски услови, најдобар избор е ќерамидата Винеам, која е направена од македонска глина и е најсоодветна за нашето поднебје.

2. Разгледајте ги дополнителните елементи за покривот

Покривот не е само ќерамиди, запаметете го тоа. Покривот е збир од повеќе елементи, кои ќе направат целата куќа да дише, да се проветрува таванот и да излегува влагата од домот. Има цела палета на додатоци за покрив, кои треба убаво да ги разгледате и да го снабдите покривот со сè што му е потребно за да биде сигурен.

3. Направете пресметка на материјали

Сите се плашиме да почнеме со големи работи затоа што не знаеме колку ќе нè чинат. Но, за покриви, денес постојат онлајн калкулатори кои ќе ви помогнат да направите груба пресметка за тоа колку материјал ќе ви биде потребно. Така, ќе можете да пресметате и колку ќе ве чини вашиот нов покрив.

4. Побарајте ваучер од 50 евра

Најактуелно нешто периодов за сите што се во план да градат покрив е промотивната акција на компанијата Винербергер. До 31 април тие доделуваат ваучери од 50 евра за новТондах покрив. Ваучерот можете да го побарате само преку електронски пат, на следниов ЛИНК ЗА ВАУЧЕР. Со тоа ќе успеете и да заштедите!

Кликни на следниот линк: https://www.wienerberger.mk/reshenija/technichki-reshenija/pokriv-tondach/tondach-sistem-za-pokriv/dobriot-pokriv.html

5. Барајте долга гаранција

Кога градите покрив, сакате тој да трае долго. И под долго не мислиме на години, туку на децении. Сигурните производители стојат зад своите производи и нудат долга гаранција. За системски решенија на Тондах покрив можете да добиете 33-годишна гаранција, што значи дека ќе обезбедите сигурен покрив над глава за вашите деца, а и внуци.