На 25.03.2022, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од с.Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.
ФОТО: ИНТЕРНЕТ